ДИК ја усвои програмата за задолжителна едукација на ОИК и ИО

Со цел подигнување на повисоко ниво на процесот на едукација на изборните органи, на денешната седница Државната изборна комисија (ДИК)  ја усвои програмата за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори за спроведување на гласањето во Република Северна Македонија и избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство.

– Покрај зајакнување на тимот за едукација кој ќе ги спроведе обуките, со оваа програма за прв пат се предвидува обука на секој член на изборните органи, која ќе биде пренесена од членовите на тимот за едукација на Државната изборна комисија.Овие обуки ќе се реализираат во период од почетокот на февруари 2020 година, се до почетокот на април 2020 година, соопштија од ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот