Дигитално образование: Средношколците во интернатите добиваат интернет на лажичка

онлајн настава
Онлајн настава / Фото: МИА

Средношколците во интернатот „Здравко Цветковски“ останаа без интернет, откривајќи уште една апсурдна слабост на образовните реформи. И покрај големите ветувања на министерката за образование и наука Мила Царовска, дигитализацијата на учебниците во реалноста е фијаско, реагираат родители во Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“. 

-Во средношколскиот интернат „Здравко Цветковски“ во Скопје им го исклучиле интернетот и им рекле да се снаоѓаат децата сами за интернет. Ова ли е таа пародија од дигитализација на Царовска? Материјалите ги имате онлајн, ама снаоѓајте се сами за интернет. Исто може побогатите деца да им пуштат хотспот на посиромашните, бар да се знае кои се кои, а не така сите еднакви, коментира родител на социјалните мрежи.

Од управата на интернатот за „Слободен печат“ велат дека станува збор за вообичаен технички проблем. Имено, откако интернетот станал значително побавен го повикале провајдерот, дошла екипа и го решила проблемот.

Родителите со кои поразговара „Слободен печат“ велат дека не е само овој интернат со ваков проблем. Сите интернати имаат интернет, но најчесто е слаб и децата не можат ништо да отворат, па се приклучуваат на интернетот од своите паметни телефони, а  сметките ги плаќаат родителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот