Шон „Диди“ Комбс / Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Диди го прослави 56-тиот роденден во затвор со грав и пица

Музичкиот могул Шон Диди Комбс го прослави својот 56-ти роденден на сосема поинаков начин од вообичаеното – без забава и зад решетки. Тој го помина денот во Федералниот затвор „Форт Дикс“ во Њу Џерси, каде што отслужува 50-месечна казна за пресуда за сексуални злосторства.

На неговиот роденден, вторник, 4 ноември, на Комбс, како и на другите затвореници, му бил послужен стандарден затворски оброк. Според менито до кое дојде „Пипл“, појадокот во 6:30 часот наутро се состоел од овошје, избор на житарки или мафини за појадок и леб од цело зрно со џем.

За ручекот, кој бил послужен помеѓу 11 часот наутро и пладне, можел да избере помеѓу пилешко со пармезан и бургер од наут. Како прилози биле послужени тестенини со сос маринара, спанаќ и леб со лук, а за десерт било послужено овошје. Роденденската вечера, послужена околу 16:30 часот, нудела избор од пица со сирење или морнарски грав, заедно со италијанска салата од тестенини, зелен грав и мешана салата.

Ако сакал нешто благо, Комбс можел да посегне по понудите од затворската кафетерија. Таму можел да купи коцка чизкејк за 92 центи. На листата не е вклучен сосот од јаболка, за кој адвокатот претходно рече дека Комбс обожавал да го става на своите чизбургери.

Комбс беше префрлен во Форт Дикс, затвор сместен во воена база на околу 60 км од Филаделфија, на 30 октомври. Таму е сместен во ќелија во стил на студентски дом што ја дели со други затвореници. Неговите адвокати побараа префрлање од Метрополитен притворен центар во Бруклин, каде што беше држен од неговото апсење во септември 2024 година, жалејќи се на лошите услови. Друга причина за префрлањето беше пристапот до програми за рехабилитација од дрога што се нудат во Форт Дикс.

Да потсетиме, американскиот окружен судија Арун Субраманијан го осуди Комбс на 50 месеци затвор во октомври, откако во јули беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за организирање проституција.

Според официјалните записи на Бирото за затвори, очекуваниот датум на ослободување на Комбс е 8 мај 2028 година, што укажува на можноста за предвремено ослободување поради добро однесување. Во меѓувреме, неговата правна битка не е завршена. Неговата адвокатка, Александра Шапиро, поднесе жалба на пресудата, а судијката Бет Робинсон одобри забрзано рочиште. Усно рочиште е закажано за април 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот