ДИЦ го става штрајкот во мирување: Ја одложуваме борбата за своите права во корист на иднината на матурантите

Фото: МИА

Синдикатот на Државниот испитен центар со пишано соопштение и пораки до матурантите и до министетрот за образование и наука објави дека го става штрајкот во мирување.

– Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата. Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.
Со ова известување штрајкот се става во мирување!, наведува СОДИЦ во пораката до матураните.

Во пораката до министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, подвелекуваат дека сите негови досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дале на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година.

– Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!, му порачува Синдикатот на Државниот испитен центар на министерот Шаќири.

Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барања за поголеми плати за 29-те вработени и согласност за нивниот колективен договор. Синдикатот ги стопираше сите процеси за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура која треба да почне на 27 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот