Диаз од Реал Мадрид на позајмица во Милан (ВИДЕО)

фото: твитер

Досегашниот играч на „кралскиот“ клуб, Браим Диаз пристигна во Милан да ги направи потребните лекарски прегледи пред реализација на договорот.

Дел од италијанските медиуми веќе го снимија играчот како пристигнува пред „Ла Мадонина“.

Според најавите фудбалерот доаѓа во екипата од „Сан Сиро“ на позајмица и ќе го носи бројот 21 на дресот.

Младиот шпански играч за врска во нападот (21) од 2019 година запиша 15 натпревари и еден гол за Реал.

А пред да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“ три години беше дел од Манчестер сити со само пет официјални настапи за првиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот