Џорџ В. Буш ја критикува Републиканската партија на САД
Поранешниот републикански претседател Џорџ В. Буш ја критикуваше Републиканската партија дека станала изолационистичка и протекционистичка и оти има одреден степен на нативизам – идејата дека локалното население има природна предност.
– Јас би ја опишал како изолационистичка, протекционистичка и, до одреден степен, нативистичка, рече Буш во интервју за Ен-Би-Си, истакнувајќи дека тој е особено загрижен за антиимиграциската реторика.
Буш не го спомена поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, кој за време на неговиот мандат агресивно ја ограничи легалната и илегална имиграција и започна да гради голем ѕид на југозападната граница со Мексико за да спречи влез на мигранти.
– Имаме прекрасна земја, а сепак не е убава кога осудуваме, ги нарекуваме луѓето со некои имиња и ги плашиме луѓето поради имиграцијата рече Буш.
Тој се појави во медиумите во неколку наврати за да ја промовира својата книга со слики со мигранти, го повика Конгресот на САД да ја ублажи „острата реторика” за имиграцијата и минатата недела повика на двопартиски пристап кон законот за имиграција.