Џонсон му постави ултиматум на парламентот, бара избори во декември

Британскиот премиер Борис Џонсон денес рече дека на пратениците во парламентот ќе им даде повеќе време за расправа на Брегзит, но под еден услов – ако прифатат општи избори на 12 декември.

Џонсон рече дека очекува дека Европската Унија ќе одобри продолжување на рокот за Брегзит кој е до 31 октомври, иако „навистина не го сакал тоа“. Тој ги повика лабуристите да ги поддржат изборите во гласањето кое планира да се одржи следната недела.

Се очекува утре ЕУ да донесе одлука за одложување на Брегзит. Ако се одложи за крај на ноември, Џонсон повторно ќе се обиде својот договор да го „помине“ низ парламентот, дознава Би-Би-Си.

Дури 27 земји-членки на ЕУ начелно поддржуваат одложување на Брегзит, но и понатаму се расправа за времетраењето на одложувањето. Џонсон минатата недела постигна договор со Брисел, но британскиот парламент не го ратификуваше и беше приморан да бара одложување од предвидениот рок за излез на 31 октомври.

Одложувањето мора едногласно да го одобрат сите 27 членки на ЕУ. Тоа го направија веќе двапати, и тоа секојпат со негодување на Париз, кој на крајот ја прифати оваа одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот