Џо Бајден се појави во јавност првпат по два месеца

Џо Бајден

Бајден последните два месеца водеше кампања преку интернет, бидејќи граѓаните ширум Америка требаше да останат дома поради пандемијата од коронавирус.

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден, кој е речиси сигурен кандидат на демократите на овогодинешните претседателски избори, првпат од средината на март излезе во јавнсо, и тоа по повод Денот на сеќавањето на загинатите воени ветерани.

Биден не излезе од својот дом во Вилмингтон, во државата Делавер, на некој јавен настан уште од дебатата со својот поранешен ривал за демократска номинација Берни Сандерс на 15. март.

Пандемијата на коронавирус го спречи Бајден во водењето на кампањата за претседателските избори, додека неговиот републикански противник, претседателот Доналд Трамп беше присустен и редовно излегуваше од Белата куќа.

Бајден со сопруга Џил положи венец на споменикот на воените ветерани од Втората светска војна и Корејската војна. Двајцата на лицето носеа маски.

„Пријатно е да се излезе од дома“, им рече на новинарите. Одржувајќи физичка дистанца, поздрави десетина ветерани и насобрана публика.

Бајден последните два месеца водеше кампања преку интернет, бидејќи граѓаните ширум Америка требаше да останат дома поради пандемијата од коронавирус.

Трамп овој викенд првпат играше голф, упатувајќи критики против Бајден и другите, во моментот кога бројот на мртви од коронавирусот во САД се доближува до бројката 100.000.

„Да се биде претседател е многу повеќе од твитање од возило за голф“, напиша вчера Бајден на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот