Џенифер Анистон (50) во црн кожен фустан: Појава за паметење! (ФОТО)

profimedia

Џенифер Анистон се врати на црвениот тепих и изгледа неверојатно! Актерката се појави на премиерата на својот најнов филм „Мистериозно убиство“ во атрактивен кожен мини фустан.

Нејзиниот имиџ на убава девојка од Калифорнија цврсто се врати, со плава коса, бронзена кожа и природна шминка која ни го дава ултимативниот Анистон пакет!

profimedia

Таа среќно позираше со актерот Адам Сендлер и остатокот од актерската екипа на прославата на филмот, кој ќе биде прикажан на платформата Нетфликс на 14 јуни.

Џенифер го прослави својот 50-ти роденден во февруари, со забава на која присуствуваа ѕвезди како Кортни Кокс, Бред Пит, Гвинет Палтроу, Кејт Хадсон, и др.

profimedia

Оваа актерка му е верна на својот тим за мода и убавина, со кој работи долги години. Модните стилисти задолжени за Џенифер се Нина и Клер Халворт, а за нејзината коса веќе долги години се грижи фризерот Крис, кој е одговорен и за креирањето на иконската „Рејчел“ фризура пред толку години.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот