Џеј Ло се појави во смокинг кој не и прилега, а потоа следеше спектакл (ВИДЕО)

принтскрин

Зад славната пејачка и актерка Џенифер Лопез е година за паметење. Затоа задоволството од сопствените успеси не го сокри ниту на гостувањето во емисијата „Saturday Night Live“ кога одлучи да ги преброи сите одлични работи кои и се случија во текот на 2019 година.

„Пред се, ми се оствари сонот на секоја девојка од Бронкс, ме запроси еден Јенки“, изјави на самиот почеток и ја насмеа публиката.

Но освен на љубовен план, добро и одеше и во деловниот живот. Така ја спомена фантастичната Мет Гала, се пофали и со филмот кој ниже успех за успех „Hustlers“ како и настапот на „Super Bowl“ кој ја очекува наредната година, а не заборави ниту еден од највпечатливите модни моменти.

„Прошетав на модната писта во Милано за прв пат и го носев истиот фустан кој го носев пред 20 години. Некои велат дека сега изгледам подобро од тогаш, но не сакам да се фалам со тоа, знаете, тоа се само трачеви“, се пошегува Џеј Ло и истакна дека најдобро време е пред неа.

Нормално, многумина се согласија дека Џенифер, која неодамна го прослави 50 роденден, изгледа подобро од било кога. Сепак, овој пат ја сокри својата фантастична фигура зад малку неугледен смокинг. Неугледните широки ногавици и сакото со машки крој изгледаа како лош моден избор. Но вистинскиот спектакл следеше откако Лопез откри што таа сокрива под него…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот