Џастин Бибер го предизвика Том Круз, Мекгрегор ќе ја организира борбата (ФОТО)

принтскрин/инстаграм

Музичката ѕвезда Џастин Бибер (25) го предизвика актерот Том Круз (56) да се бори со него во УФЦ меч. Канадскиот пејач се огласи на Твитер и го повика холивудскиот суперстар на овој предизвик. Дали тој се шегува или е сериозен, не ни е јасно.

„Сакам да го предизвикам Том Круз на борба во октагон. Ако не го прифати овој предизвик тогаш тој е исплашен и ќе нема да може да се извлече од тоа. Кој сака да ја организира оваа борба? Дан Вајт?“.

Том Круз не се огласи, но затоа се огласи славниот УФЦ борач Конор Мекгрегор, кој има волја да го организира овој меч.

принтскрин/твитер

„Ако Том Круз е маж да ја прифати борбата. Мекгерор спортс и ентертејмент ќе ја организираа оваа борба. Дали Том Круз може да се бори како во неговите филмови? Ќе дознаете наскоро!“, гласи реакцијата на Конор на твитот на Џастин Бибер.

Инаку, она што е познато е дека Том Круз и тоа како е во одлична форма во својата шеста деценија и дека сам ги снима своите сцени, без помош од каскадери. Дали ќе го прифати предизвикот од младиот Бибер, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот