Фото: Скриншот / „Инстаграм“ / 192

Пронајдено е тело на девојка пред Филозофскиот факултет во Белград, претходно се запалила пиротехника на 5-от кат

На платото пред Филозофскиот факултет во Белград било пронајдено тело на девојка на возраст од околу 25 години, а според првичните информации, претходно на петтиот кат од факултетот дошло до активирање и палење пиротехника, по што, според  сомневањата, девојката скокнала низ прозорец, објави „Данас“.

Началникот на Полициската станица Стари Град, Раденко Ресановиќ, истакна дека за настанот е известено надлежното обвинителство, кое наложило увид. Тој изјави дека полицајците ја добиле пријавата синоќа во 22:40 часот, по што веднаш излегле на местото на настанот, каде што ја затекнале девојката без знаци на живот, се додава во соопштението.

— Увидните екипи се на местото на настанот, во тек е фиксирање и документирање на сите траги, како и собирање изјави од очевидци — рече Ресановиќ и додаде дека пиротехничките средства што биле активирани, по извесно време биле изгаснати од вработените на факултетот, а засега не е познато како биле внесени во објектот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Ресановиќ посочи дека секоја неправилна употреба на пиротехнички средства, кои можат да ги загрозат животите на луѓето и да доведат до тешки последици, е за секаква осуда, се наведува во соопштението.

Покрај редовната полициска истрага, во случајот се вклучија и Управата на криминалистичката полиција и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое бара да се утврдат сите околности, но и евентуална одговорност или пропусти на факултетот. Паралелно, Народниот правобранител Зоран Пашалиќ отвори постапка за да провери дали биле испочитувани законските процедури и дали безбедноста во просториите на факултетот била соодветно обезбедена, при што од управата на факултетот е побарана и целата релевантна документација за настанот.

Филозофскиот факултет во Белград ја прекина наставата по трагедијата, а српските власти во меѓувреме отворија поширока истрага за случајот.

Згасна животот на девојката од Шпанија која се избори за право на евтаназија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот