Фото: МИА / илустрација

Девет фирми се квалификувале за следната фаза на тендерот за автопатот Букојчани-Кичево

Десет километри автопат ќе чинат над 132 милиони евра

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8.

Се додава дека девет фирми, кои ја поминале оваа фаза, влегуваат во процесот за избор на изведувач за изградба на автопатот и дека денеска добиле покана да ги достават своите финансиски понуди до 30 септември. По овој рок, како што додаваат од ЈПДП, ќе следува фаза на евалуација на понудите и избор на најподобен изведувач.

Според претходните најави, вкупните проектирани трошоци за изградба на делницата од Букојчани до Кичево со должина од 10,2 километри изнесуваат 132,7 милиони евра, од кои 110 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а 19,8 милиони евра инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Со кредит од ЕБОР ќе се гради автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8

Согласно повикот за претквалификација објавен на 4 февруари годинава, новата автопатската делница ќе има двоен коловоз со по две сообраќајни ленти од 3,5 метри со брзина на движење од 100 километри на час. Делницата е надоврзување на трасата Гостивар-Букојчани, во должина од 30,1 километар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот