Девет бродови, хеликоптер и десетици спасувачи трагаат по исчезнатите Македонци кај Халкидики

Халкидики / фото: EMILY EMILY / Google Maps / илустрација

Крајбрежната служба на Грција утрово излезе со официјално соопштение за случајот со тројцата македонски државјани кои вчера исчезнаа во Егејското Море кај Халкидики, а едниот од нив подоцна беше спасен.

-Под координација на Координативниот центар за потрага и спасување на крајбрежната служба, во конкретната област започна потрага со два патролни чамци на крајбрежната служба, седум бродови што се во близина, а од воздух интервенираше еден хеликоптер на военото воздухопловство. Во потрагата учествуваа и патролни возила на крајбрежната служба, Грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери, пишува во соопштението од грчката крајбрежна служба, што го пренесува МИА.

Дополнително, објаснуваат дека патролен чамец на пристанишната Капетанија Неа Мудања пронајде и спаси 25-годишно момче, еден од тројцата исчезнати, кој бил пренесен во риболовното засолниште „Неа Скиони”, од каде што бил преземен од возило на брзата помош и пренесен во Општата болница Халкидики за да му се укаже помош.

Поради законот за заштита на лични податоци, пракса во Грција е во официјалните соопштенија, на полицијата, на крајбрежната служба итн да не се објавуваат податоци (националност, иницијали и сл) за инволвираните лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот