Дете се наоѓа во кома на КАРИЛ по пад од лулашка

Фото: Илустрација

Едно дете се наоѓа во кома на КАРИЛ, откако викендов што помина во кругот на основното училиште Димо Хаџи Димов во скопската населба Влае се повредило играјќи си на таканареченото игралиште за инклузивност, пренесе Skopjeinfo.mk.

Малиот Ангел, од 7б одделение во ОУ „Димо Хаџи Димов“, играјќи си на игралиштето во кругот на училиштето се здобил со тешка телесна повреда, и во моментот е на КАРИЛ во коматозна состојба.

До повредата дошло откако на игралиштето кое е наменето за деца со хендикеп, малиот Ангел влегол и почнал да се лула на лулашка која е наменета за деца во количка. Ова значи дека лулашката е поголема од стандардните и тешка неколку стотина килограми. Ненадгледуван од никого, Ангел почнал да се лула кога ја заглавил ногата во лулашката и паднал, а до повредата дошло кога седиштето кое е предвидено да собере количка за хендикепирани лица се вратила назад и го удрила момчето во пределот на вилицата, по што тој изгубил свест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот