Детали за Ван Дер Сар: Се уште е на интезивна нега, состојбата му е загрижувачка

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Холандски Ајакс излезе со соопштение за состојбата на Едвин Ван Дер Сар кој вчера доживеа мозочно крваење.

Славниот голман се наоѓа на интезивна нега, состојбата му била стабилна, но сепак и понатаму е загрижувачка.

Според хрватските медиуми на Ван Дер Сар ненадјено му се слошило додека со својата сопруга го минувал одморот во Хрватска. Подоцна во болницата се утврдило дека станува збор за крварење на мозокот.

„Едвин Ван Дер Сар останува на интензивна нега. Неговата состојба е стабилна, но сепак загрижувачка. Ајакс ја споделува оваа информација во име на Анемари Ван Дер Сар, сопругата на Едвин. Семејството на Ван Дер Сар, заедно со Ајакс како клуб, се благодарни и длабоко трогнати од многуте пораки за поддршка кои пристигнуваат“, објави Ајакс.

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед се наоѓа во болница во Сплит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот