Детал кој го откива карактерот: Кажете ни на кој прст го носите прстенот, ќе ви кажеме кои сте!
Прстен на палецот, показалецот, малиот прст… Секој има свој „омилен“ прст на кој го носи прстенот, но еве што тоа значи.
Прстен на палецот
Препорачано
Ако прстенот најчесто го носите на палецот, тоа значи дека сте силна личност и зрачите со голема самодоверба. Сакате да бидете во центарот на вниманието и секогаш сте во првите редови, не сте срамежливи и многу сте директни во комуникацијата.
Прстен на показалецот
Луѓето што носат прстен на показалецот имаат „краток фитил“ и само малку е потребно за да се изнервираат и избувнат. Подготвени се секогаш за кавга, сакаат да провоцираат, но во исто време се многу духовити и амбициозни.
Прстен на средниот прст
Прстенот на средниот прст е карактеристичен за прилагодливи луѓе, лојални и позитивни. Тоа се луѓе кои се обидуваат да ја видат позитивната страна во сè.
Прстен на четвртиот прст
Најдобар индикатор да се види дали некое лице е „соло“ или не. На прстот до малиот прст се носат бурми и веренички прстен, па на тој начин е видлив брачниот статус на лицето.
Прстен на малиот прст
Прстенот на малиот прст го носат креативци, уметници и луѓе кои сакаат да се издвојат од толпата и кои не поднесуваат униформираност.


