ВИДЕО| Деспотовски: Законите за гасната и за соларните централи се во Собрание, расправата ќе продолжи

Јован Деспотовски - директор на ТИРЗ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Вчера беше закажана собраниска Комисија за економски прашања на која на дневен ред беа законите за стратешки инвеститор во изградбата на гасната централа „Мителинеос“, како и за соларниот парк „Стипион“, но набргу без објаснување, седницата беше откажана. За овие закони во јавноста се крена голема врева, а министерот за економија Крешник Бектеши побара од Владата да се повлече законот за „Митилиенос“, со образложение дека треба да се преиспита државната помош.

Денеска во студиото на „Слободен печат“ наш гостин беше Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони кој одговори и на нашето прашање: „Што се случи вчера со најавената собраниска седница и каде „исчезнаа“ законите“.

Деспотовски вели дека тој не е дел од пратеничкиот состав, но дека е норамално да праша,а одговорот што го добил е дека има доставено амандмани од повеќе пратеници, не само за „Меитилинеос“ туку за сите закони поврзани со стратешки иневстиции.

-Тие амандмани се разгледуваат и веројатно Владата ќе си донесе свој став пред да продолжи постапката, затоа што постапката веќе е започната, затоа што законите се во Собранието. Не очекувам дека ќе имаме бурни седници од аспект на судир, иако целта на самите стратешки проекти и според законските предвидувања е да има дискусии во Собранието, тие не се носат на Влада, или некаде со потпис на институциите. Дискусиите се во Собранието каде што се претставниците на сите политички партии, односно претставниците на народот. Добро е кога има дискусија, добро е кога повеќе пара очи гледаат – вели Деспотовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот