„Десетката“ во Барселона е резервирана само за мајстори на фудбалот (ВИДЕО)

Фото: twitter/Deportes RPC

Најпознатиот број во светот на фудбалот е токму дресот со бројот 10.

Двете бројки на дресот вообичаено се наменети за фудбалери кои имаат големи шанси да остварат неизбришлива трага во историјата на екипите и еден клуб во целост го почитува тоа непишано правило.

Барселона е една од екипите каде „десетката“ се уште е светост и е наменета само за најдобрите, моментно неа ја „должи“ еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси.

Ова се најпознатите фудбалери во историјата на каталонскиот клуб кој го носеле овој магичен број и одбележале одреден период во Барселона.

Лионел Меси

Аргентинецот е актуелен сопственик на дресот со број 10 во Барселона. Станува збор за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Меси целата кариера е дел од Барселона, а неговите квалитети најдобро ги отсликуваат зборовите на Пеп Гвардиола „Меси не треба да го опишување, него треба само да го гледате“.

Роналдињо

Втората најпозната „десетка“ во поновата историја на Барселона е бразилскиот волшебник со топката, Роналдињо.
Роналдињо е вториот играч на Барселона по Диего Марадона кој кога постигнал гол на „Сантијаго Бернабеу“ теренот на најголемиот ривал Реал Мадрид, предизвика овации кај навивачите. Меси ја наследи „десетката“ токму од Роналдињо.

Ривалдо

Претходник на Роналдињо во Барселона со магичниот дрес беше неговиот сонародник и соиграч од репрезентацијата, Ривалдо.
Ривалдо во 1997 година пристигна во Барселона и веднаш и помогна на екипата да освои две титули, а интерсно е што во првите три сезони Бразилецот играше со бројот 11.

Диего Марадона

Марадона најдобрите моменти во кариерата ги доживеа во дресот на Наполи и на аргентинската репрезентација. Но пред да блесне се сиот сјај во Наполи, Марадона играше во Барселона. На „Камп Ноу“ пристигна 1982 година за тогаш рекордни пет милиони фунти. Токму Марадона е првиот играч на Барселона кој ги натера навивачите на Реал Мадрид да му аплаудираат на играч од најомразениот ривал.

Ромарио

Легендата на каталонскиот клуб, Јохан Кројф, во една прилика изјави дека Ромарио е најталентираниот играч кој го тренирал. Беше вистински уметник со топката и во трите сезони во Барселона одигра 46 натпревари на кои постигна дури 34 гола.

Ласло Кубала


Унгарскиот фудбалер е првата вистинска легенда на Барселона, а за тоа што значеше за тимот, најдобро зборува неговата статуа која се наоѓа пред „Камп Ноу“. Барселона токму поради Кубала одлучи да го изгради „Камп Ноу“, за да можат 100.000 навивачи да уживаат во мајсториите на Кубала кој имаше се – брзина, сила, техника, контрола и харизма и за него велеа дека е фудбалер пред своето време.

Луис Суарез


Моментно член на Барселона е Уругваецот Луис Суарез но за старите навивачи Суарез од 1960-тите години е една од најголемите легенди на клубот. Суарез беше одличен фудбалер кој им донесе големи радости на навивачите во Каталонија кои се противеа на режимот на диктаторот Франко.

Еваристо


Еваристо е еден од првите бразилски фудбалери кои го облекле дресот на Барселона. Бразилецот во каталонскиот тим настапуваше од 1957 до 1962 година и во три од петте сезони беше најефикасен играч на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот