Десетици британски компании експериментираа со четиридневна работна недела, резултатите се одлични

Лондон, Британија/ Фото Grant Rooney / Alamy / Alamy / Profimedia

Една година по завршувањето на најголемиот светски експеримент со четиридневната работна недела, огромното мнозинство компании кои учествуваа сè уште им дозволуваат на своите вработени да работат со намалена работна недела, а повеќе од половина од нив целосно се префрлија на новиот начин на работење.

Од јуни до декември 2022 година, работниците во 61 компанија во Обединетото Кралство работеле 80% од нивните вообичаени часови за иста плата. Во замена, тие ветија дека ќе завршат 100% од нивната работа, пишува Си-Ен-Ен.

Најмалку 89% од тие компании сè уште ја спроведуваат политиката, а најмалку 51% од компаниите целосно се префрлиле на четиридневна работна недела до крајот на 2023 година, според извештајот објавен од еден од организаторите на експериментот.

Студијата беше објавена во средата од Аутономи, тинк-тенк кој го спроведе истражувањето во 2022 година со две непрофитни организации во партнерство со истражувачи од универзитетите во Кембриџ и Оксфорд и Бостонскиот колеџ.

Според извештајот, ефектите од намаленото работно време биле исклучително корисни за вработените и нивните компании.

Вработените изјавиле дека уживаат подобро физичко и ментално здравје, подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, општо задоволство од животот и дека се помалку исцрпени од работата.

„Клучно е што резултатите по шест месеци не се должат на краткорочни влијанија. Овие ефекти се реални и долготрајни“, вели Џулиет Шор, професорка по социологија која ги анкетирала работниците кои учествувале во експериментот.

Менаџерите и извршните директори на 28 компании кои се согласија да одговорат на дополнителните прашања велат дека четиридневната работна недела има позитивно влијание врз нивната компанија. Половина од компаниите имале помал промет на персоналот, една третина сметале дека вработуваат нови луѓе многу полесно, а 82% пријавиле корисни ефекти врз благосостојбата на вработените.

Извештајот, исто така, ги истакнува методите што организациите ги користеле за управување со четиридневната недела, вклучувајќи нови начини за организирање состаноци, работна комуникација и давање приоритети.

Речиси половина од 61 компанија што учествуваа во истражувањето во 2022 година се во маркетинг и рекламирање, услужни и непрофитни сектори. Остатокот опфаќа низа индустрии, вклучувајќи градежништво, производство, малопродажба, здравствена заштита и забава.

Вработените во последниве години се повеќе се залагаат за пократка работна недела, особено откако милиони вработени се префрлија на работа од далечина за време на пандемијата и престанаа да патуваат на работа, со што заштедуваа време и пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот