Деновите на финансиска писменост започнуваат утре пред МФ

Граѓаните од прва рака утре ќе може да се информираат за финансиските услуги и инструменти. На платото на Министерството за финансии, по повод одбележување на Деновите на финансиска писменост, ќе се организира настан на кој свое учество со штандови ќе земат банките, осигурителните компании, штедилиниците, како и институциите од Телото за финансиска едукација – Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и МАПАС.

Граѓаните ќе можат да ги посетат штандовите од 10 часот до 14 часот во текот на утрешниот ден. Во рамки на предвидените содржини е и интерактивен детски корнер во кој е предвидени забавна и едукативна програма за деца до 10 години.

На настанот ќе присуствуваат и првите луѓе на институциите од Телото за финансиска писменост – министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, престедателката на КХВ Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на осигурувањето Климе Поповски и претседателот на Советот на експерти на МАПАС Максуд Али.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот