Денеска ново рочиште за „27 април”

Кривичен суд / Фото: МИА

Денеска во Кривичниот суд Скопје е предвидено да продолжи судењето за предметот „Организатори на 27 април”.

На минатото рочиште за овој случајот беа изведени материјални докази предложени од одбраната на Миле Јанакиески.Одбраната, најпрво изведе дел од записник од оперативниот штаб за оперативната акција „Платформа” од ден 27 април 2017 година.

 

– На состанокот во МВР биле присутни 32 лица. Имало две точки, брифинг и следење на тековните случувања. По полноќ излагање пред присутните имал помошникот директор Салија, кој ги информирал дека нема дојдено лица од други градови, изјави Миле Јанакиески, изведувајќи дел од записникот.

Во секвенца од записникот, која што беше изведена, се вели дека протести имало и во Штип, Свети Николе, Делчево, Берово, Кочани, Велес, Кавадарци, Неготино, Битола, Прилеп, Кривогаптани, Охрид, Кичево и Куманово. Овој записник е одобрен од началник на Сектор Душко Лазаров.

Обвинителката Вилма Русковска, реагираше на изведувањето на овој доказ, посочувајќи дека нема ништо што се однесува за ниту еден од двајцата обвинети Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, но Судот го отфрли приговорот и дозволи негово изведување.

Овој случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот