Денеска лозарите на своите сметки ќе ги добијат ветените субвенции

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари лозови насади и кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанстава.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 15.784 субјекти исплати 582.841.911,00 милиони денари за одгледувачите на лозови насади.

Станува збор за исплата по мерката 1.11 Директни плаќања за оддржување на лозови насади.

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари лозови насади и кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанстава.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот