Денеска бројот на ковид позитивни рапидно ќе порасне

коронавирус-скопје-болница-ковид-19-миа11
Коронавирус/ Скопје/болница/ковид-19/ Фото: МИА

Бројот на новодијагностицирани ковид случаи во земјава ќе порасне рапидно во денешната статистика на Институтот за јавно здравје, а според наши извори во оваа институција, може да достигне над илјада случаи. Инкубацискиот период од три до пет дена веќе е поминат, со оглед на предновогодишните и новогодишните прослави и масовни собирања на граѓаните. Институтот за јавно здравје не може да процени колку од овие случаи се должат на омикрон варијантата, поради две причини.

Прво, за да се направи секвенционирање, потребно е да се соберат меѓу 46 до 50 примероци на пациенти коишто имаат индикација дека се вратиле од ризично подрачје или од земја со раширен омикрон, нешто што епидемиолошките анкети не го покажуваат. Второ, едно такво секвенционирање од 50 примероци за да се открие варијантата омикрон чини 15 илјади евра, пари коишто ИЈЗ самиот мора да ги покрива од свои средства, бидејќи ФЗОМ не го покрива скапото секвенционирање. И дополнително, секвенционирањето трае 7 дена, временски период во кој според наши извори, сосема ирелевантно станува дали позивните биле од омикрон или од делта варијантата на коронавирусот, бидејќи додека да стигнат резултатите, тие или се оздравени или се веќе сигурни дека се позитивни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот