Денес стартува 47-то издание на традиционалниот турнир „Илинден Самоков 78“

Во поречкото село Самоков денес официјално започнува 47-то издание на турнирот во мал фудбал „Илинден Самоков 78“, еден од најпрепознатливите спортски настани во Поречието. Спортскиот дух, страста за игра и традицијата повторно се враќаат на спортското игралиште во селото Самоков, каде што екипи од ширум земјава ќе се борат за престижната титула и значајниот награден фонд.

Оваа година, турнирот го привлекува вниманието со главната парична награда од 100.000 денари за победничката екипа, 40.000 денари за второпласираната, и 10.000 денари за екипата која ќе го освои бронзениот медал односно третото место.

Организаторите најавуваат возбудливи натпревари, фер и коректна игра, како и богата спортска атмосфера што ќе го обележи овој фудбалски настан. Турнирот ќе трае до недела кога се закажани и финалните натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот