ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ ВЕЛИКИ ПЕТОК – На овој голем христијански празник важат строги обичаи кои не смеете да ги прекршите

Велики петок или Велипеток — ден од Страдалната седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Велики Петок претставува најтажниот ден во животот на секој христијанин, а за денешниот ден е препишан најстрог пост.

Христијаните на Велики Петок се присетуваат на случувањата кога Исус бил навредуван, удиран додека толпата народ извикувала „распнете го, распнете, крвта негова на нас и на нашите деца“.
На крајот, Исус е распнат на брдото наречено Голгота помеѓу два разбојника.

Што се однесува до храната, уште од многу одамна е препишан строг пост. Тоа подразбира пост на вода, односно храна која не се подготвува на масло за јадење. Така, според правилата, денес не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир, посна паштета и слично. Во некои места не се јаде ниту кромид и лук, бидејќи се верува дека раните на Исус Христос биле премачкани со лук како повеќе би го болеле и печеле.

Повеќето Христијани на денешен ден не јадат варен зеленчук или сирово овошје и зеленчук.

Во повеќето храмови и манастири воспоставено е правилото, монасите да не јадат ништо се додека сонцето не зајде. До тоа правило се придржуваат и голем број верници.

Според традицијата, на Велики Петок се избегнува користење на вилушка, нож или друг остар предмет, бидејќи тие предмети го симболизираат копјето со кое бил прободен Исус.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот