Денес е светски ден на неносењето градник: Извадете го градникот и празнувајте оваа вечер!

Фото: Инстаграм

Денес е светски ден на неносењето градник, па зошто да не прославите вечерва со тоа што ќе го соблечете градникот. Сепак, овој ден беше создаден од сериозни причини, а тоа е да се подигне свеста за ракот на дојка.

Првиот градник се појавил во Римската империја, а тоа било парче ткаенина со која жените се обидувале да ги ограничат големите гради. Со текот на времето, носењето градник стана многу модерно и го направи речиси незамисливо да се напушти домот без него.

Фото: Инстаграм

Ако имате шанса, денеска соблечете го вашиот градник и уживајте во слободата. Многу жени признаваат дека би сакале да живеат без „тој партал“, но социјалните норми не им го дозволуваат тоа.

Од друга страна, момците би биле пресреќни доколку тоа парче облека не постои, иако признаваат дека е возбудливо да се види жена во секси долна облека, но уште повозбудливо е да се гледаат нејзините гради.

Да ја оставиме шегата на страна – овој ден всушност се слави од многу сериозни причини. Овој ден од 2011 година има за цел да ја подигне свеста кај девојчињата и жените за важноста на самопрегледот на градите при рано откривање на карцином на дојка, важноста на препознавање на раните симптоми и важноста на редовните прегледи.

Фото: Инстаграм

Жените се охрабруваат да ги остават своите градници дома на 13 октомври, да уживаат без нив 24 часа на ден и да објавуваат фотографии со поддршка, охрабрување и да помогнат во подигнување на свеста на социјалните мрежи под хаштагот #NoBraDay. Многу жени одговараат на овој апел секоја година.

Придобивките од животот без градник

Покрај чувството на слобода, животот без градник има и други предности. Нема проблеми околу наоѓањето на вистинскиот модел на градник кој ви одговара, нема трошење пари на таа облека, а одењето без градник може да и даде на жената доза на сексапилност и чувство на самодоверба.

Исто така, градите всушност не попуштаат доколку не се во градник поголемиот дел од времето. Експертите велат дека не е во ред да се верува дека градите ќе висат без градник. Напротив, ткивото во нив ќе се зајакне, бидејќи тие нема да имаат вештачки создадена потпора.

Фото: Инстаграм

Неносењето градник резултира со создавање поголема количина на мускулно ткиво во градите за да им се обезбеди природна поддршка. Ако оваа поддршка не е природна и градите се прицврстени на градникот, тогаш мускулите ослабуваат, што на крајот доведува до градите побрзо да свиснат – објасни професорот Џин Денис Рујон, раководител на истражување на оваа тема на Универзитетот во Безансон во Франција.

Истражувањето траело 15 години и експертите откриле дека мускулите на градите се посилни доколку не се носи градникот. На него учествувале 320 жени на возраст од 18 до 35 години.

Сепак, овој експерт предупредува дека некои жени не треба да одбиваат да користат градник истовремено.

Фото: Инстаграм

На пример, жените постари од 45 години, со прекумерна тежина, со две деца зад себе нема да имаат корист од тоа да престанат да носат градник – рече тој.

Тој истакна дека оваа студија покажа дека помладите жени можат да имаат корист од тоа да престанат да носат градник. Градите нема да им виснат, напротив – ќе им бидат поцврсти, пренесува Medical News Today.

Професорот открил дека жените кои никогаш не носеле градник имаат брадавици во просек седум милиметри повисоки од оние кои редовно носат градник. Ова е доказ дека нивните гради не попуштиле толку многу како оние жени кои користат градник.

Фото: Инстаграм

Неносењето градник е добро и за здравјето на градите бидејќи градникот ја попречува циркулацијата во градите, како и правилното функционирање на лимфните канали. Ова може да доведе до акумулација на токсични течности кои инаку би поминувале слободно внатре и надвор од телото. Покрај тоа, го попречува и протокот низ другите крвни садови, со што се спречува нормалното поминување на кислород и хранливи материи, што во никој случај не може да биде добро за здравјето.

Фото: Инстаграм

Експертите ги советуваат жените дека треба што почесто да го соблекуваат градникот, односно да не го носат дома или пред спиење. Важно е и добро да се масираат градите за да се подобри нивната циркулација. Масажата мора да биде нежна – прстите се масираат околу брадавицата и кон краевите на дојката, во сите насоки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот