Фото: Јутјуб / Кирил Владимиров / принтскрин

ВИДЕО: Демонстрантите во Софија побараа ЕУ да ги прекине преговорите со Македонија

Со барање Европска Унија да ги прекине преговорите со Македонија, пред зградата на Европската комисија (ЕК) во Софија, се одржа најавениот протест за поддршка на претепаниот охриѓанец, Христијан Пендиков. Демонстрантите побараа и напаѓачите да бидат казнети.

Организатори на протестот беа од клубот „Родољубие“ и тој беше најавен како граѓански, но како што пренесува БНТ, на него присуствуваа претставници на различни политички групации.

Меѓу нив беше и лидерот на ултранационалистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, кој рече дека ќе го почека до вторник сослушувањето на министерот за надворешни работи Николај Милков во парламентот, за потоа да процени какви мерки може да се побараат на политичко ниво.

Европратеникот на бугарската ВМРО, Ангел Џамбаски, пак, ги доставил своите барања веднаш да ги прекинат пристапните преговори со Македонија до сите европски институции.

Освен пред зградата на ЕК во Софија, демонстрантите се упатиле и кон зградата на Македонскиот културен центар каде однеле црвени рози. Тие ги избрале црвени рози, бидејќи, како што се вели во објавата, тие од една страна ја симболизираат непотребно пролеаната крв, а од друга се симбол на љубов.

Пендиков, кој се декларира како Бугарин и е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, беше нападнат на 19 јануари ноќта во угостителски објект на кејот во Охрид. Тој вчера со бугарскиот владин авион беше пренесен на лекување во Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот