Делови од искасапен коњ фрлени во канализациската мрежа ја запреле работата на Пречистителната станица во Струмица

Струмичкото ЈПКД „Комуналец“ соопшти дека делови од искасапен коњ фрлени во канализациската мрежа, ја запреле работата на Пречистителната станица во Струмица.

Остатоците од коњот, кои биле фрлени во шахта од канализациската мрежа, биле пронајдени на влезната груба решетка на станицата.

– Во Пречистителната станица за отпадни води се случи несекојдневна ситуација која ни предизвика огромни проблеми, материјални трошоци и краток застој во работата. Некој намерно и неодговорно го отворил капакот на канализациската шахта, го искасапил животното и остатоците ги фрлил во канализацискиот систем. Дефектот се санира, а Пречистителната  станица за отпадни води покрај сите проблеми нормално ја извршува својата функција, информираат од струмички „Комуналец“.

Настанот е пријавен кај комуналниот инспектор на Општина Струмица, а од комуналното претпријатие апелираат до граѓаните за совесно и поодговорно однесување, посебно во делот на користење на канализационата мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот