Дело на Бенкси продадено за околу 20 милиони евра, парите наменети за здравството во В. Британија

Фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Дело на британскиот уличен сликар, кој се потпишува како Бенкси, е продадено денеска на аукција за речиси 20 милиони евра, а парите се наменети за здравствениот систем на Велика Британија, кој се бори против коронавирусот.

Сликата „Game Changer”, која првично е проценета меѓу 2,5 и 3,6 милиони фунти, е продадена за 16,75 милиони фунти (19,45 милиони евра), соопшти аукциската куќа Кристи.

На црно-белата слика е прикажано момче, кое во корпа за отпадоци ги фрла играчките Бетмен и Спајдармен, и почнува да си игра со кукла на медицинска сестра со маска на лице.

Бенкси, кој никогаш пред јавноста не го открил својот идентитет ниту ликот, е познат по графити и пораки – антивоени и против политичкото раководство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот