Дел од Скопје утре под сообраќаен режим: Протест од Чаир до Влада
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека поради најавен протест, утре од 13 часот ќе бидат затворени за сообраќај улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош”, „Џон Кенеди”, „Цветан Димов”, булеварите „Крсте Мисирков” и „Гоце Делчев”, улиците „11 октомври” и „Васил Главинов”, булеварите „ВМРО” и „Илинден” и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај до завршување на протестот.
Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош”, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев”, Собранието на ул. „11 октомври” и Владата на булевар „Илинден”.