Дејвис: Не беше убав ракомет, но среќни сме што победивме

дејвис стоилов
Тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис посакува нова добра игра и победа над Елверум/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје екипата на Вардар 1961 забележа важна победа во групната фаза од Лигата на шампионите, совладувајќи го ППД Загреб со 20:19.

Значајни бодови за „црвено-црните“ да обезбедат едно од местата кои водат во осминафиналната фаза од европското клупско натпреварување.

– Среќен сум, победа си е победа. Натпреварот беше многу тежок, како и секогаш во Лигата на шампионите. Сите играчи беа нервозни, натпреварот не беше убав за гледање од ракометен аспект. Овој меч за двете екипи „сега или никогаш“, за нас можеби не беше најдобриот натпревар. Но, важно е што победивме, нова победа, сакаме да продолжиме вака. Немаме многу време да се подготвуваме за секој натпревар како што треба. Наше е да работиме, можеби ќе имаме во следниот период нешто „помирен“ распоред, ќе имаме повеќе тренинзи, во системот на игра да влезат Додиќ и Крстевски, како и сите, потребно е да направиме промени, затоа што играме исто веќе 15 дена. Ќе видиме во следниот период како ќе ја завршиме групната фаза – изјави по мечот тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис.

Голманот на Вардар 1961, Борко Ристовски му честиташе на противникот за борбената игра.

– Еден доста неизвесен натпревар, голема борба за својот дрес. Можеби бод ќе беше најреално, но во спортот не секогаш победува подобриот или оној кој што бил подобар на теренот. Ние бевме спремни за овој меч, целата екипа беше нервозна, не знам од кои причини, дали притисок, не се испочитуваа некои работи. Како и да е, ние сме среќни со оваа победа, од натпревар во натпревар напредуваме, добро е да се победи и кога не играте добро. Наше е да продолжиме да работиме, затоа што пред нас ќе имаме уште доста тешки дуели – вели Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот