Дејвид Гета го чека првото дете со својата 25 години помлада девојка

Фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

Дејвид Гета повторно ќе стане татко!

На доделувањето на Латинските Греми награди во четвртокот вечерта, диџејот (56) прошета на црвениот тепих со неговата 25 години помлада девојка Џесика Ледон, каде парот откри дека го чека своето прво заедничко дете, пишува „Пипл“.

Позирајќи со раката околу својата девојка, музичарот се насмевна пред камерите, додека неговата девојка ги стави рацете околу својот труднички стомак.

Гета ја сподели веста и на својот инстаграм профил, објавувајќи фотографија од двајцата на црвениот тепих.

Фото: Инстаграм/ David Guetta

„Имаме големи вести за вас!!! Најважното издание на годината 😂😂😂“, напиша тој во својот опис.

Делот за коментари беше исполнет со честитки од неговите фанови, пријатели музичари.

Гета веќе е татко на синот Тим Елвис (19) и ќерката Енџи (16), која ја дели со својата поранешна сопруга Кети Лобе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот