Дејли Мирор и Дејли Експрес ќе укинат 550 работни места

– Поради намаленото рекламирање, не гледаме сразмерни зголемувања на дигиталните приходи вели директорот на Рич, Џим Мулен.

Издавачот на британските весници Деји Мирор и Дејли Експрес, Рич (Reach), планира да укине околу 550 работни места, бидејќи поради епидемијата на коронавирусот повеќе читатели се префрлиле на Интернет, а во исто време се намалени и приходите од рекламирање.

– Структурните промени во медиумскиот сектор се забрзаа за време на пандемијата и тоа доведе до зголемено прифаќање на нашите дигитални производи, се вели во изјавата на извршниот директор на Рич, Џим Мулен.

– Покрај тоа, поради намаленото рекламирање, не гледаме сразмерни зголемувања на дигиталните приходи, истакна тој.

Претставници на Рич велат дека компанијата планира намалување на бројот на персоналот за околу 550 вработени или 12 проценти од својата работна сила – бидејќи се обидува да заштеди годишни расходи од 35 милиони фунти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот