„Дејли бист“: Трамп размислува да го разреши директорот на ФБИ

Фото: EPA-EFE/Tom Williams / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп по изборите на 3 ноември сака да го разреши директорот на ФБИ, Кристофер Реј, јави „Дејли бист”.

Во последните три месеци, американскиот лидер им рекол на неколку високи функционери и блиски соработници дека има намера да го замени Реј на почетокот на неговиот втор мандат. Тој изразил незадоволство од работата на шефот на ФБИ и неговата очигледна неподготвеност за брзо справување со непријателите на Трамп во бирото, објави „Дејли бист“, повикувајќи се на два извора.

Според информациите, еден од овие извори споделил дека Трамп најавил дека ќе се занимава со ова прашање „следната година”. Реј стапи на функцијата директор на ФБИ во август 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот