Дедо кој учел дечиња како да куглаат е меѓу убиените во масакрот во Мејн

Фото Социјални мрежи / Семејството на Боб Виолет

Членовите на семејствата идентификуваа некои од жртвите кои беа убиени по низата престрелки во Мејн во средата, пишува Би-Би-Си.

Меѓу нив се Боб Виолет, 76-годишен пензионер и страствен куглар, и менаџерот на барот Џозеф Вокер.

Официјални лица соопштија дека најмалку 18 луѓе загинале, а повеќе од десетина се повредени.

Осуммина од загинатите досега се идентификувани, соопшти полицијата, но нивните имиња не се соопштуваат.

Некои членови на семејствата оттогаш зборуваа за неколку медиуми за своите најблиски.

ВИДЕО| Најмалку 22 лица убиени во пукање во американската сојузна држава Мејн, напаѓачот во бегство

Боб Виолет, 76

Виолет беше идентификуван од неговата снаа Касандра. Таа изјави за Луистон Сан Журнал дека тој починал штитејќи група деца со кои бил во кугланата Џаст-ин-Тајм. Зад себе оставил три сина и шест внуци, рече таа. Во нападот е повредена неговата сопруга Луси.

Касандра го опиша Виолет како доживотен жител на Луистон кој имал длабоки врски со заедницата и кој ги терал луѓето околу него да се чувствуваат згрижени.

„Не дозволуваше да излезете од вратата без да го прегрнете и да го бакнете во образот. Беше тука за се“, рече таа.

Поранешен механичар, Виолет го посветил своето време на куглањето во свите пензионерски денови.

Тој почнал да води младинска лига во куглање пред многу години, рече неговата снаа, па дури и ги натерал своите најстари внуци да учествуваат во играта.

„Тој штедеше за да купи нови телефони за да добие подобри видеа од нив како куглаат. Тој ги сакаше тие деца“ рече Касандра.

Трисија Аселин, 53

Братот на Аселин потврди за Си-Ен-Ен дека таа е меѓу жртвите. Таа, како што рече нејзиниот брат, била на нејзината работа со скратено работно време во кугланата, кога напаѓачот отворил оган.

„Кога сето тоа почна да се случува, таа истрча до шалтерот и почна да се јавува на 911, и тогаш беше застрелана. Таа беше таква. Немаше никогаш да бега. Секогаш ќе се обидеше да помогне“, изјави Џонсон за Си-Ен-Ен.

Џонсон рече дека возрасниот син на Аселин е уништен од нејзината смрт.

„Од денот кога се роди до вчера. Таа направи сè за него, тој беше нејзиниот свет“, рече тој.

Неговата друга сестра исто така била во кугланата, рече Џонсон, но таа успеала да побегне.

Мајкл Деслауриерс

Стејси Деслауриерс изјави за Вашингтон пост дека возела кога ја добила веста за смртта на Мајкл.

Тој бил нејзиниот поранешен сопруг со кого била 14 години и татко на нејзините возрасни деца. Тој бил застрелан и убиен во кугланата.

„Тој беше неверојатен човек“, рече таа. „Неверојатен татко. Неверојатен провајдер“.

Таа рече дека девојката на Мајкл, која била со него за време на пукањето, и рекла дека тој се обидел да му возврати на напаѓачот.

Ова, рече Деслауриер, не ја изненадило.

„Тој беше херој“, рече таа. „Навистина херој“.

Џозеф Вокер, 56

Смртта на Вокер ја потврди таткото Лерој Вокер, кој е градски советник во Обурн.

Неговиот син работел во Шеменџис Бар енд Грил, една од локациите каде што напаѓачот отворил оган. Тој бил убиен откако се обидел да тргне по напаѓачот, изјави Лерој за Еј-Би-Си.

Во одвоено интервју за Ен-Би-Си, Лерој рече дека добил известување за смртта на неговиот син 14 часа по пукањето.

„Никој од нас не спиеше, бевме будни цела ноќ“, рече тој. „Не знаевме каде да одиме, кај кого да трчаме“.

Полицијата се уште трага по осомничениот вооружен напаѓач до четврток попладне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот