Деценискиот спринт на Ѓоковиќ и фаќањето чекор со неговите најголеми ривали

Новак Ѓоковиќ има една грен слем титула повеќе од Рожер Федерер/Фото: EPA/MIKE NELSON

Првиот голем „бум“ Новак Ѓоковиќ го направи во 2011 година, кога не загуби дури во јуни, а во јули го освои својот прв „Вимблдон“, по што за првпат се најде на врвот на АТП-листата.

Српскиот ас триумфираше против Рафаел Надал, тогашниот бранител на титулата на „Вимблдон“, кој не знаеше за пораз од 2007 година во тенискиот храм.

Сè дотогаш Ѓоковиќ беше зацврстен за третото место, зад Рожер Федерер и Надал. До таа 2011 година, тој играше три грен слем финалиња, против Жо Вилфрид Цонга на „Австралија опен“ во 2008 година, како и против Федерер и Надал во 2007 и 2010 година, во кои беше неуспешен.

Во 2011 година започна спринтот на Србинот, кој сè уште трае. Тој го надмина Швајцарецот по бројот на грен слем трофеи, а Шпанецот има еден повеќе.

Надал ја издржа промената на темпото и освои 12 Грен слем турнири од 2011 година, додека Федерер освои само четири во тој период. Билансот на Федерер е многу поблиску до Енди Мареј и Станислас Вавринка (три), отколку до Новак и Рафа.

Во заклучокот од текстот на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ не се пропушти да се спомене фактот дека Ѓоковиќ имаше помалку проблеми со повредите.

Седма титула за Новак Ѓоковиќ на Вимблдон

Освен шесте месеци кои ги пропушти во текот на 2017 година, тој немаше поголеми проблеми со телото. Тој отсуствуваше само на „УС Опен“ таа сезона, Надал отсуствуваше шест, а Федерер на девет Грен слемови, од кои седум во 2021 и 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот