Алкараз лесно до осминафиналето во Мадрид

Фото: EPA-EFE/DANIEL GONZALEZ

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Мастерс турнирот во Мадрид откако денеска лесно се справи со Бразилецот, Тиаго Сеибод Вајлд и победи со 2:0 во сетови (6:3, 6:3).

Алкараз доминираше од првиот до последниот момент и не му даде шанса на противникот да размислува на изненадување и на крајот ги реши сите дилеми околу победникот за нешто повеќе од еден час.

Во осминафиналето противник на Алкараз ќе му биде Германецот, Јан Леонард Штруф кој денес го елиминираше Уго Амбер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот