Фото: Хрватска полиција / policija.gov.hr

Деца од Хрватска договориле масовна тепачка преку „Снепчет“, десетици завршија во полиција

Хрватската полиција синоќа спречи масовна тепачка на малолетници на игралиштето во близина на основното училиште „Трстеник“ во Сплит, при што дури 29 ученици беа приведени поради нивното учество и организирање. Тепачката била договарана со денови преку популарна социјална мрежа, објави полицијата во своето соопштение за медиумите, пренесува Индекс.хр.

Според резултатите од истрагата, физичкиот конфликт меѓу учениците од две основни училишта во Сплит бил договаран преку социјалната мрежа Snapchat во периодот од 10 до 16 ноември. Планирана била тепачка „5 на 5“.

Договорениот конфликт се случил синоќа, а во него учествувале осум малолетници, додека дури 50 нивни врсници гледале сè. За среќа, тепачката траела само кратко бидејќи полицајците пристигнале и ја прекинале. Кога толпата ја забележала полицијата, избегала, но полицијата успеала да приведе 29 ученици.

Полицијата синоќа веќе го утврди идентитетот на сите кои учествувале во организирањето и во самата тепачка, а станува збор за малолетници родени во 2011 и 2012 година. Сите 29 приведени лица биле испрашувани во присуство на нивните родители или на дежурен вработен во Хрватскиот завод за социјална работа.

Сите кои учествувале во тепачката ќе бидат обвинети пред прекршочниот суд за нарушување на јавниот ред и мир, доколку за тоа се исполнети законските услови, со оглед на нивната возраст.

Надлежниот Хрватски завод за социјална работа ќе биде информиран и за однесувањето на сите вклучени малолетници. Полицијата, исто така, најави дека ќе се спроведе понатамошна кривична истрага во однос на родителите со цел да се утврди дали постојат елементи на кривично дело – Повреда на правата на детето поради занемарување на родителските одговорности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот