Режисерката Косара Митиќ во Сараево

Дебитантскиот игран филм на Косара Митиќ доби награда за постпродукциски услуги на филмскиот фестивал во Сараево

Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ, како проект за игран филм на „Црна Мачка Продукција“, учествуваше на „CineLink Work in Progress“, во рамки на Денови на индустријата на 31. Сараевски филмски фестивал.

Успешното учество на проектот го потврди освојувањето на наградата „Аванпост Медиа“ за постпродукциски услуги во вредност од 30.000 евра.

Ова претставува прво официјално појавување на проектот пред меѓународната професионална јавност, а освоената награда е уште една потврда за неговиот висок потенцијал.

Истовремено, ова е и доказ за визионерската проценка на продукциската куќа зад проектот и значаен чекор кон исполнување на заедничката мисија – создавање филмски дела на нови авторски гласови со впечатлив и оригинален пристап.

Наградата ја додели „Аванпост Медиа“, студио со седиште во Букурешт, признато како лидер во Романија и Источна Европа во областа на продукциските и постпродукциските услуги.

Проектот „17“ е копродукција меѓу „Црна Мачка Продукција“ (Северна Македонија), „Art&Popcorn“ (Србија) и „Децембер“ (Словенија), создаден со поддршка на SEE Cinema Network, Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија и Словенечкиот филмски центар со „Виба филм“ Љубљана. Премиерата на филмот е планирана за следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот