Дебатата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ ќе понуди креативен дијалог за промислување на културните текови

Покана за настанот во КИЦ-Скопје

Во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје на 6 декември (среда), со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата со тематски наслов „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.

Модераторка на дебатата ќе биде новинарката и културна истражувачка Ана Јовковска, а учесници ќе бидат писателот Петар Андоновски, писателот и книжевен преведувач Живко Грозданоски, писателката, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“ Јулијана Величковска и писателот и уредник во издавачката куќа „Готен“ Владимир Јанковски.

Дебатата во организација на Ана Јовковска во рамки на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на КИЦ-Скопје сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност кај нас.

Настанот е замислен како еден вид платформа за креативен дијалог и критичко размислување со современи македонски автори кои имаат значајна улога во креирањето на моменталните книжевни текови, културни теории и политички светогледи.

На дебатата преку делата на авторите, всушност, ќе се адресираат важни општествени прашања: современите предизвици на книжевноста, културната продукција, уметноста, културните идентитети, медиумската култура и друго.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 207, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 2-3.12.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот