Де Лихт разочаран што е на клупата за резерви

Јувентус на отворањето на новата сезона како гостин ја победи Парма со минимални 1:0. Единствениот гол беше дело на Џорџо Кјелини во 21. минута, а на Кристијано Роналдо му беше поништен гол поради офсајд.

Изненадувачки, во првиот тим на Јувентус не се најде најскапотот засилување ова лето, Матиј де Лихт, кој беше купен од Ајакс за 86 милиони евра.

Тренерот Маурицио Сари довербата им ја даде на проверената стоперска двојка Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини, по што Де Лихт не го криеше незадоволството по натпреварот.

– Секако дека сакав да играм. Мора да признам дека на тренинзите не  претпоставував дека ќе седам на клупата за резерви, но ја почитувам одлуката на тренерот. Се уште се навикнувам на Италија, а Кјелини и Бонучи ги сметам за една од најдобрата стоперска двојка. На мене е да се наметнам и да се изборам за место во составот – изјави Де Лихт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот