Луис де ла Фуенте/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Де Ла Фуенте го објави списокот на Шпанија – повика седуммина од Барселона, само еден од Реал

Селекторот на Луис де ла Фуенте го објави поширокиот список на репрезентативци на Шпанија за следните контролни натпревари против Србија и Египет, кои ќе послужат како важна проверка пред големите предизвици што следуваат.

На списокот се најдоа 27 имиња, меѓу кои и четворица голмани. Она што веднаш паѓа в очи е застапеноста на двата најголеми шпански клуба, Реал Мадрид и Барселона. Од редовите на „кралевите“ повикан е само Хујсен, додека каталонскиот гигант има дури седум свои претставници.

Меѓу нив се Жоан Гарсија, Кубарси, Педри, Олмо, Фермин Лопез, Ламин Јамал и Феран Торес. Особено внимание привлекува повикот за Гарсија, кој за првпат добива шанса во сениорската селекција, но останува неизвесно дали ќе добие минутажа покрај стандардниот Унаи Симон, кој има и капитенска улога во тимот.

Овие натпревари ќе бидат последен филтер пред финалната одлука за составот што ќе настапи на Светското првенство. Токму затоа, не е исклучено најголемиот дел од повиканите фудбалери да се најдат и на конечниот список за мундијалот на американско тло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот