Новогодишно обраќање на Претседателката во собрание 2025 година - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишно обраќање на Претседателката во собрание 2025 година - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Сиљановска Давкова се обрати во Собранието: Трагедијата во Кочани нè доведе до ѕидот на срамот

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани го извади на површина грдото лице на стихијното одлучување и култура на неказнивост. Трагедијата не беше само несреќен случај, туку резултат на системски пропусти, корупција и институционална неодговорност кои државата ја доведоа до „ѕидот на срамот“.

Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во годишното обраќање пред пратениците. Во говорот, Сиљановска Давкова потенцираше дека толерирањето на корупцијата и несанкционирањето на криминалот ја зголемуваат опасноста до точка на катастрофа.

Сиљановска Давкова: Македонските евроинтеграции бараат политичка волја и јасни гаранции од ЕУ

– Кочани не беше само трагедија. Тој настан нè доведе до ѕидот на срамот, а потоа и до можноста за катарза… Во случајот на Кочани не зборуваме само за право, туку за правда, етика и морал. Ја разбирам болката на семејствата на настраданите. Го разбирам нивниот оправдан гнев и бес – порача претседателката.

Таа потсети и на моментите на солидарност – медицинските тимови, хеликоптерите и активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита, кои покажаа дека во најтешките моменти „не сме сами“.

Сиљановска-Давкова упати директно предупредување до политичките партии да престанат да го користат случајот за дневно-политички поени.

– Треба да ги оставиме на мир обвинителите да обвинуваат, бранителите да бранат, а судиите да судат. Партиите и политичарите треба да ги прекинат дневнополитичките препукувања на сметка на работата на судот и болката на семејствата. Нивните најмили не можеме да ги вратиме – порача таа.

Претседателката, претстојниот судски процес за оваа трагедија, смета дека ќе биде лакмус-тест за македонското правосудство.

– Од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата на македонските граѓани. Овој процес е тестот врз кој ќе се оценува решеноста за владеење на правото во реалност, а не само декларативно на хартија – заклучи Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот