Давид Торевски го освои 70 место на Зимските младински олимписки игри во Јужна Кореја

фото: Македонски олимписки комитет

Во денешната трка на 7,5км Класик македонскиот натпреварувач Давид Торевски од 78 учесници во трката заврши на 70 место со време од 25:58.2.

Торевски имаше заостанување од шест минути и 11 секунди зад победникот Јакоб Елиас Мох од Германија со време 19:47.2

На подиумот се најде уште еден Германец, Јонас Милер, а на третата позиција се најде Квентин Леспин од Франција. Сите резултати ТУКА

Нашата натпреварувачка Матеа Трајковска во истата дисциплина не стартуваше. Така, завршија настапите на сите македонски спортисти на овие Младински Олимписки Игри во Гангвон, Јужна Кореја.

Претходно учествуваше и Благојче Најденоски кој на трката спринт на 7,5 км од 97 спортисти на старт, заврши на 83 место, додека во женскиот спринт на 6 км Андријана Кајевска од 98 спортисти се најде на 97 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот