Даштевски: ДИК може да функционира со шест членови, но од полза е да се комплетира составот

Државна изборна комисија - табла / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Државната изборна комисија може да функционира со шест членови, но пожелно е да се комплетира составот, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања.

-ДИК може да функционира со шест членови бидејќи е потребно мнозинство од гласовите во ДИК, и според Деловникот можеме да функционираме и со шест членови сосема солидно. Секако би ни било од полза доколку се избере седмиот член и тоа го оставам на надлежните органи, односно на Собранието на Република Македонија. Не можеме во тоа да се мешаме, рече тој.

Прашан дали се консултирале со претседателот на Собранието за избор на членот за комлетирање на ДИК, вели дека тоа е регулирано во Изборниот законик.

– Си има закон и според закон треба да се постапува, така што ние нема што да кажуваме. Ако ние се замешаме тоа значи дека не постапуваме според законот, бидејќи не е наша работа ние да кажуваме што треба да направат. А од друга страна, би ни било од корист доколку дојде, а доколку не дојде, повторно се што треба ќе биде спроведено на највисоко ниво, рече Даштевски, повторувајќи дека одлуките што ќе ги носи ДИК до спроведување на изборниот процес ќе бидат легитимни и со шест члена.

Во однос на тоа дали до ДИК се поднесени кандидатури за претседател на државата, Даштевски рече дека прво треба да се распишат изборите по што почнуваат да течат сите рокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот