Данскиот селектор Ример барал совет од Микел Артета за мечот со Македонија
Брајан Ример размислува да го користи играчот од средниот ред Кристијан Нергард на централната позиција во одбраната во плејоф натпреварот на Данска против Македонија во квалификациите за Светското првенство 2026. Тој го посетил тренерот на Арсенал, Микел Артета, да побара мислење од него за оваа идеја
Данска се соочува со голем предизвик на централната одбранбена позиција за претстојниот бараж меч против Македонија, во квалификациите за Светското првенство.
Препорачано
Повеќемина дански дефанзивци се во аут, поради повреди или суспензии и Ример е на маки кого да го стави да ја формира централната оска во одбраната.
Кристијан Нергард играше на таа позиција повремено оваа сезона за Арсенал, а Ример смета на тоа.
For Danmark 🇩🇰 pic.twitter.com/waWneCXQuU
— Fodboldlandsholdene 🇩🇰 (@dbulandshold) November 15, 2025
Како дел од подготовките, Ример го посетил Арсенал. Темата била можната улога на Нергард како централен дефанзивец.
– Минатата недела бев во Лондон за да се сретнам со него и со Артета. Сакав да го слушнам мислењето на Кристијан за тоа, а потоа сакав да го слушнам и ставот на тренерот за тоа – вели Ример.
Данска ја пречекува Македонија на 26 март. Победникот од тој меч го очекува меч на гости против победникот од натпреварот Чешка-Ирска во решавачкиот дуел за билет за Светското првенство.
Германци ќе ѝ судат на Македонија во мундијалската битка во Копенхаген


