“Данас”: Како француската блокада на Северна Македонија ќе влијае на Србија?

Белградскиот весник „Данас” во анализата за влијанието на француската блокада на Северна Македонија, врз проевропските сили во Србија, констатира дека стопирањето на напредокот на Северна Македонија и Албанија во европските интеграции може да биде обесхрабрувачки за српските граѓани, но не би смеело да биде и за проевропските политичари во Србија.

Во оваа ситуација потребно е редефинирање на односите со администрацијата во Брисел и политичките чинители, но ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определба на Србија, оценија соговорниците на Данас.

Професорот на Филозофскиот факултет во Белград и основач на новиот политички клуб „Глас”, Никола Самарџиќ, оцени дека ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определбата на Србија.

– Одлуката на ЕУ да не одреди датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија ги враќа Северна Македонија и Србија во зоната на руско влијание, додека Црна Гора и Албанија се релативно стабилни благодарение на членството во НАТО. Кои пораки ќе ги испратиме до гласачите во Србија и Северна Македонија, во овој момент, би помислил на тоа дека борбата за Европа е борба за самите нас, за уредена заедница на владеење на правото и дека можеби повеќе  од кога и да е сме упатени едни на други.

Прочитајте и...  Три лица хоспитализирани во Косово под сомнение за коронавирус

Самарџиќ во анализата на Данас испраќа и лична порака до премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, дека му е на располагање бидејќи секоја политичка борба која води кон европска и на интеграција на соседите, е борба на сите нас за сите нас заедно.

– Охрабруваат ставовите на Грција и на повеќето земји-членки на ЕУ за правото и потребата од акција на ЕУ за помош на Западен Балкан. Следната година, на парламентарните избори во Србија и Северна Македонија, ЕУ не смее да престане да биде главна тема на нашата определба. Не смееме да исчезнеме во политичката глупост додека власта и опозицијата се во трка во популизам и неодговорност-заклучува Самарџиќ.

Според претседателот на Демократската странка (ДС), Зоран Лутовац, оваа одлука, за жал, може да делува дестимулирачка за граѓаните и како изговор за владејачката коалиција која е само реторичка, но не и суштински за европските интеграции.

Прочитајте и...  Партиите предизборно почнаа да ги товарат автобусите за да си ги одмерат силите

– Сепак, ова врз проевропските политичари не треба да дејствува. Ова е наша стратешка надворешно-политичка цел и ние сме должни да ги надминеме сите пречки на тој пат, вклучително и грешките на земјите членки и на администрацијата на ЕУ, смета Лутовац.

И Ѓорѓе Жујовиќ, член на претседателството на ЛДП оцени дека одлуката на ЕУ е прилично разочарувачка и доаѓа во тешко време, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, а особено за Србија.

– На секого му е јасно дека ова не беше првенствено порака само за Македонија и за нејзиното општество и политичките елити, туку за целиот регион, кој прилично бавно се движи на патот на интегрирањето во ЕУ. Комплицирани и нејасни процедури, разни дипломати и комесари без чувство за политика, двоумење и одолговлекување, се причини зошто поддршката за европската идеја опаѓа, а растат силите кои заземаат поинаков поглед од нашите надворешни и внатрешни приоритети. Кога ова ќе го помешате со недемократските или корумпирани власти, каков што е случајот денес во Србија, добивате однос помеѓу владите на балканските земји и ЕУ, во кој се гледа се повеќе и повеќе празно тапкање по раменици и се помалку искреност и вистинска почит – објаснува Жујовиќ.

Прочитајте и...  Полнолетните граѓани на Хонгконг ќе добијат по 1.280 долари заради коронавирусот

– Сепак, за ЛДП не е спорен европски пат но очигледно е неопходно да се редефинираат нашите односи со бриселската администрација и политичките фактори, затоа што овој пат на Србија кон ЕУ не е неуспех само за нас што живееме тука, туку и на целата конгломерација на разни бирократи и дипломати кои се чини дека се изгубени кога ќе дојдат во Србија без чувства од каде доаѓаат – вели Жујовиќ.

Прочитај повеќе

На 1ви Март започнува новата наградна игра на Макпетрол, „ВЕРНА секогаш со Вас!“

Слободен Печат

Министерот Адеми на чело на владината делегација на одбележување на годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во Мостар

Слободен печат

Трамп: САД се во одлична форма и покрај лажните вести кои се обидуваат да предизвикаат паника на берзите

Слободен печат

Вонредна состојба во Сан Франциско поради коронавирусот

МИА Агенција

Царовска: За 2,5 години вложени над 100 милиони евра во странските и во домашните компании

МИА

Ангеловска: Рано е да се зборува за последиците врз нашата економија од коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Каде се има заболени од коронавирусот во целиот свет (МАПА)

Слободен печат

АХВ: Максимално да се почитуваат препораките од СЗО за спречување на коронавирусот

Слободен печат

Операторите ги негираат обвинувањата од ММА за учество во „пиратство“

Слободен печат

Полнолетните граѓани на Хонгконг ќе добијат по 1.280 долари заради коронавирусот

Слободен печат

Пахор официјално го предложи Јанша за мандатар на новата словенечка влада

Слободен печат

„АНТИГРЕТА“: Германската тинејџерка Наоми Зајбт е новата миленичка на германските десничари

Слободен печат