Дали вакцинацијата со „Астра Зенека“ и ревакцина со „Фајзер“ гарантира поголем број на антитела?

EPA
Вакцинација на пензионери во Грција/Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Комбинацијата на различни видови вакцини против коронавирусот значително го зголемува создавањето на имунитетот отпорен на ковид-19, објавиja во понеделникот од Универзитетот Сарланд.

„По истражувањето спроведено на 250 лица кои ја примиле вакцината „AstraZeneca“ како прва вакцина и „Pfizer“ како втора, развиле значително посилен имунитет за разлика од оние кои ги примиле двете дози на „AstraZeneca“, се вели во соопштението на Универзитетот Сарланд во Сарбрикен.

Комбинацијата на две различни вакцини произведуваат поголем број на антитела. Оваа комбинација, како што е наведено понатаму, постигнува поголема ефикасност и кај двојната комбинација на „Pfizer“.

Кога лицата се вакцинираат со различни вакцини – вакцина и ревакцина, многу е поголем бројот на антитела и т.н. Т-клетки.

Авторите на студијата, кои, според нивните сопствени изјави, биле „изненадени од резултатот“, препорачуваат вакцинација со различни видови вакцини.

Тековната студија треба да се продлабочи, велат авторите. Вакцината „Pfizer“ припаѓа на поновата генерација на т.н. „mRNA“ вакцина, додека „AstraZeneca“, спаѓа во традиционалната група на т.н. векторски вакцини.

Според научниците од Универзитетот Сарланд, сегашната студија треба да се продлабочи, со цел да се добијат нови знаења за ефективноста по пол или возраст.

Откако Германската федерална комисија за вакцинација на почетокот на април даде препораки  за лицата под 60 години да не бидат вакцинирани повеќе со „AstraZeneca“, се појави проблем кај луѓето кои веќе веќе ја примиле првата доза од вакцината. На крајот им беше препорачано на лицата кои како прва доза ја примиле „AstraZeneca“ да се вакцинираат со „Pfizer“ или со „Moderna“.

Најново истражување – Астра Зенека и Фајзер ефикасно штитат од индиската мутација на ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот