Дали на некого му се допаѓа или не, Ѓоковиќ ќе биде најдобар на сите времиња

Новак се наоѓа пред историска шанса во Њујорк/ фото: EPA-EFE/ATIENZA

Поранешната тенисерка Барбара Шет верува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде најдобар тенисер на сите времиња бидејќи ќе го собори рекордот по бројот на освоени грен слем титули.

Ѓоковиќ оваа година победи на Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и на УС Опен ќе се обиде да дојде до календарскиот грен слем, односно да победи на сите четири грен слем турнири во една година.

Последен кој во иста година победил на четири грен слем турнири е Род Лејвер во 1969 година.
Покрај тоа, доколку триумфира на УС Опен, Новак Ѓоковиќ ќе стане тенисер со највеќе грен слем титули бидејќи сега тој, Рафаел Надал и Рожер Федерер имаат по 20 триумфи на најголемите тениски турнири.

– Новак ќе биде најдобриот тенисер на сите времиња. Дали ви се допаѓа тоа или не, така стојат работите. Доколку триумфира на УС Опен ќе има највеќе грен слем титули… Мислам дека Федерер нема да освои ниту еден, а ситуацијата е тешка и за Надал. Не верувам дека Медведев, Циципас и останатите ќе освојат 21 грен слем трофеј. Новак е физички подготвен за предизвикот, добро се грижи за своето тело. Дури и да не победи во Њујорк, ќе освои уште неколку грен слем титули – вели Шет.

Поранешната австриска тенисерка откри од кого исто така очекува добри резултати на последниот грен слем турнир оваа година.
– Фаворити се и Медведев, Циципас, Зверев и Беретини. Рубљов исто така играше многу добро и не очекува интересен турнир. На претходните грен слем турнири видовме како Ѓоковиќ се нови со помладите тенисери, со притисокот се бори доста добро. Ќе биде интересно – додава Шет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот